25/04/2024
Охрид

Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција

Поради зголемените потреби од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 11.09.2021 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10:00 до 14:00 часот.

„Ги повикуваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција.“ – повикуваат од Црвен крст Охрид.