Црвен крст Охрид со повеќе активности за Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Што ви се допаѓа во Црвениот крст и Црвената полумесечина“ #ЉУБОВ.

Во тие рамки ќе бидат организирани следните активности:

  • 08 мај 2019 (среда) 10:00 ч. Полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид (пред седиштето на Црвен крст Охрид);
  • 08 мај 2019 (среда) 10:30 ч. Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции Ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст;
  • 08 мај 2019 (среда) 10:00-14:00 ч. Крводарителска акција – Факултет за туризам и угостителство – Охрид;
  • 8-15 мај 2019 Работилници за дисеминација – Ширењето на знаењата за Црвениот крст со волонтерите на Црвен крст Охрид.