29/03/2024
Охрид

Црвена младина: Доста е од реконструкции за политички поени, за 4 месеци извадени се само десеттина бекатон плочки

„На ден 05.01.2021 година на Охридскиот кеј беа поставени лимени огради како почеток на проектот реконструкцијата на кејот ,,Македонија”. Имено, се работи за проект вреден околу 90 милиони денари одвоени за целосна “реконструкција” на кејот, кој требаше да биде веќе започнат.

Од денот на поставувањето на лимените огради, па до денес 28.04.2021, за речиси четири месеци извадени се само десетина бекатон плочки, со тоа целосно се скратени и покриени скалите на кој што треба да поминуваат пешаци, па тие преминуваат на делот за велосипеди, со што се прави гужва и колона на луѓе.

Од страна на шеталиштето, глетката е ужасна, затоа што и дел од трската во езерото е прикриена со тие лимени објекти. Зошто на овој проект не почна да се работи порано? Зошто не се искористи полицискиот час како опција за градење додека нема луѓе на кејот? До кога локалната власт ке биде горда на своите неуспеси?

Охрид е една од главните дестинации кај домашните туристи за престојните празници, а ние ги пречекуваме со рушевини, неасвалтирани патишта и лоша глетка. Години наназад сведоци сме на криминална власт и неспособни градоначалници,

ДОСТА Е! МОРА ДА ИМА ПРОМЕНИ!“ – стои во соопштението од Црвена Младина Охрид.