15/07/2024
Македонија

Чулев: МВР презема мерки со цел да го заштити животот и здравјето на граѓаните

Од страна на министерството за внатрешни работи формирано е координативно тело со кое раководи министерот, а  министерството директное вклучено во преземањето активности на терен,  и партиципирање  со свои претставници во  сите националнитела одговорниза преземање политички и оперативни мерки за справување со кризата“.

Ова, меѓу другото денеска  го истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес конференцијата во МВР на која што  детално ја информираше јавноста за сите досега преземени активности на полицијата, но и за натамошните мерки што ќе бидат реализирани во наредниот период согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија околу превенција и справување со актуелната глобална пандемија од корона вирусот – “ ковид 19“.

Министерот Чулев апелирајќи до граѓаните стриктно да ги почитуваат препораките и мерките на Владата потенцираше дека МВР  презема мерки со цел да го заштити животот  и здравјето на граѓаните.

 “Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не патуваат надвор од државата, а воедно, сакам да ве информирам дека од страна на министерството отворена е бесплатна линија преку која  граѓаните ќе можат да се информираат за сите активности што ги презема министерството и тоа на телефонскиот број: 080 000 201, како и преку е-маил адресата mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk“, нагласи министерот Чулев.

Исто така, на прес конференцијата, министерот Чулев ги презентираше податоците за конкретните полициски ангажмани околу превенција и сузбивање на епидемијата.

Така во делот на постапување на секторите за внатрешни работи, поединечно од страна на СВР Скопје во моментов се обезбедуваат  173 лица кои се под мерка здравствен надзор и домашна изолација, а воедно  во рамки на контролите во 72 угостителски објекти на подрачјето на Скопје  затворени се седум (два од страна на Државниот пазарен инспекторат и пет од страна на сопственици ) и издадена е забрана за вршење дејност.

 Во делот на СВР Битола се обезбедуваат 13 лица по мерка здравствен надзор;        

СВР Тетово – обезбедува 16 лица по мерка здравствен надзор, а забележано едно прекршување  и за истото е запознато  ОЈО  Тетово и се работи на расчитување на случајот; Во СВР Охрид 82 лица се под мерка здравствен надзор и домашна изолација, а контролирани се вкупно 131 угостителски објект; СВР Струмица обезбедува 12 лица кои се под мерка здравствен надзор, има едно прекршување на забраната од страна на лице – за што мерки презема крим полиција при СВР Струмица. Во рамки на СВР Велес се обезбедуваат две  лица кои се под мерка здравствен надзор и домашна изолација, додека СВР Куманово обезбедува шест лица кои се под мерка здравствен надзор и надворешна изолација, од кои, пак, поради местото на престој две лица се на територија на СВР Скопје, а воедно полициските службеници од овој сектор извршија контрола на околу 40 угостителски објекти. И при СВР Штип се обезбедуваат осум лица кои се под мерка здравствен надзор и домашна изолација. Треба да се знае дека полициските службеници од сите СВР-а и во наредниот период  ќе постапуваат во насока на контрола на одлуката на Владата за затворање на угостителски објекти, казина и кладилници. 

Покрај ова министерот Чулев ги посочи и активностите во делот на Одделот за специјални полициски операции. “ досега спречени се 14 обиди за напуштање на периметарот на кризното подрачје без лекарска согласност; обезбедени и придружувани се 22  дотури на намирници на тетиторија на кризното подрачје;овозможен е непречен транспорт на пари до експозитурите на банките и банкоматите на кризното подрачје, а постојано се врши пренасочување на сообраќајот, при што пренасочени се девет патни правци и граѓаните редовно се информираат за состојбата во кризното подрачје. Само во два случаи дозволено е напуштање на кризното подрачје со лекарска согласност на две бремени жени“, истакна министерот Чулев.

За преземените активности во делот на граничните работи и миграции, министерот Чулев информираше дека граничната полиција е во постојана комуникација и координација со надлежните организацииски единици, пред се со локалната самоуправа, со Центарот за управување со кризи, со министерот за одбрана, односно армиските службеници. “

Во оваа насока би потенцирал дека МВР отстапи возила за потребите на армиските службеници, а со цел соодветно нивно постапување во кризните региони“, рече Чулев.

Граничната полиција на 14-ти овој месец асистираше при излекување на наши државјани кои беа заглавени на меѓуграничниот простор помеѓу српско унгарска и хрватско – унгарска граница, а во координација со дипломатските преставништва во државата, МВР асистираше во спровод на странски државјани до границите на сопствената држава, и тоа на 15.03. спроведени се 36 луѓе до границата на Косово и на 16.03 спроведени се два конвои со вкупно 55 лица и проследени се до граничните премини со Албанија и со Косово. “Во овој момент“, истакна министерот Чулев – “ имаме најава за влез во државата на повеќе од 200 лица кои по различни основи биле заглавени на различни гранични премини. Граничните полицајци се во контакт и координација со здравствените власти и за истите ќе бидат обезбедени здравствени прегледи пред влезот во државата и доколку се утврди нестандардна состојба со истите ќе се постапи согласно препораките и насоките од Министерството за здравство“

Министерот Чулев,  информираше и за наредните задачи што МВР ги има следствено насоките на Владата. “ МВР во соработка со министерството за здравство, со Центарот  за управување за кризи ќе ја разгледаат можноста преку соодветен начин сите лица кои се затекнати во своите викенд куќи и истите се наоѓаат на подрачје каде има има кризна состојба (во непосредба близина на Маврово и Ростуше) безбедно да ги напуштат своите викенд куќи, се разбира по претходна проверка од страна на епидемиолози, а доколку постои пречка да се реализира оваа мерка надлежните институции да обезбедат непречено снабдување со храна и продукти неопходни за овие лица“ изјави Чулев. 

Тој нагласи дека се затворени сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб. 

Меѓународниот аеродром Скопје и тамошниот граничен премин ќе биде затвор по 48 часа од носење на одлуката на Владата.  МВР ќе ги стави на располагање возилата на гранична полиција за потребата на армијата, за вршење на мобилни патроли по граничние предели, ќе ги засили и интензивира контролите и проверките на лицата кои се упатени да спроведат самоизолација  и  за истото на дневна основа ќе ја известува Владата, а на дневна основа ќе ја известува Владата за исходот на граничните премини, бројот на контроли и издадени патни дозволи. МВР во соработка со МЗ изјавите за самоизолација покрај на македонски јазик ќе ги испечати и на албански јазик.

На крајот од деталниот извештај министерот Чулев информираше дека управните служби при МВР од утре (18.03.) ќе работат со скратено работно време и тоа на подрачјето на Скопје со работно време од 07,30 до 18,00 часот, за пунктовите во МРТВ, Беко и Ѓорче Петров; и од 10,00 до 18,00 на пунктовите во Бутел и Драчево, додека во останатите подрачја, односно сите останати пунктови во државата ќе бидат со работно време од 07,30 до 16,00 часот.