25/04/2024
Охрид

Цвеќе пред спомен обележјата на борците во Охрид

По повод 11 Октомври,  Денот на народното востание, делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот Константин Георгиевски положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во градскиот парк.

Пред спомен обележјата на борците  се поклонија и членови од Сојузот на Борците и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид.

Свежо цвеќе се  полагаше и пред обележјата кај  Основниот Суд – Охрид, во дворот на  Средното економско училиште и кај градските гробишта.