19/04/2024
Охрид

Цветаноска: Со зачленувањето на Македонија во ЕУ, младите од Охрид и Македонија ќе имаат нови перспективи

Денеска се одржа првиот прес посветен на младите, на кој говореше м-р Весна Цветаноска.

„Избираме да бидеме дел од демократскиот свет за да создадеме можности за подобар живот за сите особено за младите. Доста беше неизвесност и изолација, нашите млади заслужуваат подобра иднина. Сакаме на нашите млади да им дадеме еднакви можности за образование, работа и личен развој, какви што имаат нивните врсници ширум Европа. За ова, неопходно е да станеме полноправна членка на ЕУ! Со зачленувањето на Македонија во ЕУ, младите од Охрид и Македонија ќе имаат нови перспективи:- Ќе имаат неограничени можности за патување и стекнување квалитетно образование и пракса низ Европа!- Образовните дипломи ќе бидат признаени насекаде низ Европа!- Ќе можат полесно да најдат работа по струка овде, во Македонија!- Ќе имаат еднакви шанси за учество во европскиот пазар на труд и европската дигитална економија како нивните врсници од Европа!

Со зголемување на младинската конкурентност на пазарот на трудот во Македонија:- ќе ја намалиме младинската невработеност, младинската емиграција и одливот на мозоци, – ќе влијаеме позитивно на целокупната економија во земјата, вклучувајќи го и пензискиот фонд, – ќе го зголемиме квалитетот на пазарот на трудот во Македонија, што директно ќе води кон услови за нови инвестиции, нови работни места и повисоки плати.

Во земјите од регионот, кои веќе станаа членки на ЕУ, можностите за младите се значително подобрени, на пример  во Хрватска, вработеноста кај младите се зголемила од 26.4% во 2013 на 43.1% во 2017 година.

Големи перпективи за младите нуди и Еразмус+ програмата која вложува над 14 милијарди евра во стручно и занаетско образование, како и образование на младите во кој било дел од Европа. Еден од клучните проекти на Европската Унија за младите е Младинската гаранција преку која младите до 25 г. кои не се во образовен ниту во работен однос, имаат можност да станат конкурентни на пазарот на трудот преку дообразование, практиканство или обуки.

Младите од Охрид и Македонија заслужуваат подобро! Заслужуваат Европска иднина! – истакна Цветаноска.