Дали авионите го раширија коронавирусот (COVID–19) ширум светот?

Дали авионите го раширија коронавирусот (COVID–19) ширум светот? Доколку ја погледнеме состојбата низ целиот свет, в очи ни паѓаат локациите каде има најмногу заразени од коронавирусот, кои се идентични со мапата со аеродроми. Еве за пример да ја погледнеме ситуацијата во Италија:

Трагите кои ги оставаат авионите зад себе на небото се викаат Contrails кратенка од кондензациони траги, додека пак оние кои веруваат дека авионите намерно прскаат хемиски и биолошки агенси ги нарекуваат Chemtrails, односно хемиски траги.

Дали нешто тргна наопаку? Некој заборавил да го исклучи копчето ON/OFF? Дали авионите наместо во воздух го распрскаа вирусот по аеродромите?

Науката и технологијата напредуваат, а најчудно е тоа што во минатото овие траги кои ги оставаат авионите беа кратки и не траеа повеќе од 30 секунди, додека пак денес се долги и се рашируваат по целото небо. Постојат верувања дека токму со овие траги од авионите се модифицираат временските услови, се контролира бројот на населението, нивното здравје, па дури и масовна принудна вакцинација.

Се разбира, цврсти докази нема и покрај тоа што некои индивидуални истражувања и извештаи укажуваат на тоа. Грип, алергиски реакции, главоболка, замор, па дури и губење на помнењето се само дел од симптомите кои ги почувствувале многумина, откако небото над нивните глави било ишарано со траги од авиони.

В.Б.

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.