25/04/2024
Охрид

Далип: 24 јуни да биде официјализиран празник на Балканските Египќани во нашата држава

„На сите припадници на етничката заедница, од длабочината на срцето му го честитам 24Јуни-Меѓународниот ден на Балканските Египќани. Овој ден, има посебна тежина и значение за нас Египќаните, и истовремено сум многу тажен, шо неуспеавме, и покрај нашите силни напори, истиот да биде дел од Законот за празници, и на еден достоен начин да го прославуваме. Се надевам дека наредната година, тоа ќе ни успее, имајки во предвид кфактот дека имаме поддршка од влијателни политички личности, од Охрид но и од цела држава. Сакам, во ова пригода да испратам АПЕЛ до младите да се образоваат, да се вложат во науката и да придонесат за опстанок на Египќаните, а ние постарите, со нашите знаења, искуства и стекнати пријатели, да направиме место во нашата Македонија, Египќаните да имаат пристојно место за живеење. Нека ни е честит и вековит празникот“, истакна Демир Далип, лидер на Неформална Граѓанска Иницијатива „Коалиција на Египќани“.