28/03/2024
Писма/Колумни

Далип: Египќаните не заслужуваат да бидат под притисок, ќе дадам се од себе да ги заштитам и нив и самиот себе

Како и многу години наназад, така и сега, после завршување на изборниот процес, Египќаните како да се „дежурни виновници“. Тоа, е неподносливо и нечовечки, а се крши и со Конвенцијата за основните човекови права и слободи. Се плашам, од ваквите закани,притисоци и креирање на атмосфера на страв, на пописот што следува, мојот народ да се изјасни како се, освен како Египќани. Тоа, е тој модел на тивка и административна асимилација. После, изборите не сретнав Египќанец кој не е уплашен, загрижен и се чуствува некомотен. Зарем, на овој начин ке очекуваме датум за преговори со ЕУ??? Ќе ги искористиме сите легитимни демократски средства, да се заштитиме од овие недемократски дејанија, бидејки ние ја сакаме Република Македонија, како слободна, демократска и држава на рамноправни граѓани.
Поради ваквите состојби, побаравме средба со Амбасадотот на ЕУ во Р.Македонија, г дин Самоел Жбогар.
Со почит, Демир Далип – НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“
 
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.