19/04/2024
Писма/Колумни

Далип: Очекувам пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за празници

Откако, Владата доставила негативно мислење за предлогот за изменување и дополнување на Законот за празниците, со образложение дека граѓаните на Македонија ќе добиеле 10 нови неработни дена.

Членови на Комитетот за односи меѓу заедниците (12 пратеници) бараат расправа за иницијативата за дополнување на Законот за празниците.а кое образложение не кореспондира со концептот ,,ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ „НГИ „Коалиција на Египќани“, очекува нивниот стратешки партнер ВМРО ДПМНЕ, како и лидерот Христијан Мицкоски, во духот на демократските вредности, човековите права и слободи како взаемната доверба и почитување, да го подржат овој Предлог-Закон, а се со цел и Египќаните но и останатите кои се сместени во категоријата „и други“ да се официјализираат нивните денови, како што се на пример: на 24 јуни неработен ден да биде само за заедницата на Египќаните, за Хрватите 25 јуни, за Црногорците 13 јули.  Законот е ставен на дневен ред на пленарната седница закажана за 9 јули.

Демир Далип – НГИ „Коалиција на Египќани“

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.