Даниел Димевски – нов претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија

Даниел Димевски е нов претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија. Тој, на тајно гласање, доби 30 гласа, а против кандидатот Александра Војнеска Зиков доби два гласа.

По завршувањето на Изборното Собрание, новиот Претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија истакна: “Ќе работиме напорно кон реализација на новата Олимписка програма, но ќе работиме уште понапорно да ги обединиме сите Олимписки и спортски организации во нашата држава, бидејќи само заедно можеме да ги достигнеме олимписките височини кои ние, македонските спортисти, толку силно ги посакуваме“.

Беше изгласен и нов Управен одбор во состав:

1. ДАНИЕЛ ДИМЕВСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОКСМ
2. ДИМИТАР КОСТАДИНОВ – ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОКСМ (“КОДИНГ – ГОРСКА“ – СКОПЈЕ)
3. ШАБАН СЕЈДИУ – ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОКСМ
4. ПЕРО АНТИЌ – ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОКСМ – КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
5. ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
6. СКИЈАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
7. МАКЕДОНСКА ТАЕКВОНДО ФЕДЕРАЦИЈА
8. ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
9. МЕЧУВАЛЕЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
10. ГОЛФ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
11. ФЕДЕРАЦИЈА НА ГИМНАСИЧКИ СПОРТОВИ НА МАКЕДОНИЈА
12. КАЈАК ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
13. РАКОМЕТНА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
14. ОДБОЈКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
15. ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ЛИЗГАЧКИ СПОРТОВИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
16. ТРИАТЛОН ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
17. БОРИС ХРИСАФОВ – ЦЕМЕНТАРА УСЈЕ
18. ТОНИ СТОЈАНОВСКИ – СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ
19. ЉУПЧО ВАСОВСКИ – ТИНЕКС СКОПЈЕ
20. ПЕТАР ДЕНКОВСКИ – ВЕРО
21. ВАЊА ТУЏАРОВ – РЕПЛЕК АД СКОПЈЕ
22. МУХАМЕД ЗЕКИРИ – ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
23. ВАСКО КОВАЧЕВСКИ – ЕСМ
24. ЕМИЛ СТОИМЕНОВ – КАНАЛ 5 ТВ