19/05/2025
Спорт

Дарио Ивановски ја освои титулата на полумаратонот „Ду Мошн 2025“ во Дубровник

Нашиот атлетичар Дарио Ивановски ја освои титулата на полумаратонот „Ду Мошн 2025“ во Дубровник, поставувајќи нов рекорд на патеката со време од 1:08:02. 

Дарио, како член на клубот „Охрид трчаТ“, се искачи на првото место во машката конкуренција, пред хрватскиот натпреварувач Жељко Цота и полскиот атлетичар Јакуб Галашевич.

Овој успех претставува уште еден значаен момент во кариерата на Дарио, кој претходно постави нов национален рекорд на маратон во Севилја со време од 2:08:25 часот.

Со оваа победа, Ивановски ја потврди својата доминација во регионалните трки и ја продолжи серијата на врвни резултати на меѓународната сцена.

Честитки за Дарио Ивановски за овој извонреден успех! 

d2

d3


WebOhrid / 29.04.2025 / МОК