28/03/2024
Охрид

Дебата за граѓанска вклученост во медиумската саморегулација

“Саморегулацијата во медиумите, интересот на јавноста и граѓанска вклученост“ е тема на дебатата што ја организира Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на 28 ноември (среда), со почеток во 11 часот, во хотел Милениум во Охрид.

Претставниците на СЕММ кои ќе учествуваат на дебатата ќе дискутираат за улогата и значењето на граѓанската вклученост во поддршката и унапредување на работата на телото за саморегулација во медиумите.

Ќе бидат претставени механизмите за учество на јавноста во работата на СЕММ и ќе се дискутира за можностите за идно поврзување и соработка.

СЕММ е здружение на граѓани формирано од повеќе медиуми во 2014 година. Главната цел на СЕММ е поголем степен на почитување на етичките стандарди во новинарството, како и поедноставен пристап на јавноста (граѓани, институции и правни лица) до медиумите кога ќе се почувствува некаква повреда на стандардите на професионално и објективно известување.