05/11/2024
Охрид

Дебата за надоместокот за поставување урбана опрема

Во понеделник на 19.02.2018 година, во 15 часот во просториите на општина Охрид, ќе се одржи работен состанок за разгледување на предлог- одлуката за утврдување на висината на надоместокот за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2018 година.

Општина Охрид е и ќе биде транспарентна и отворена за соработка и носење на заеднички одлуки.Непосредното учество и заедничките напори овозможуваат создавање на визија која ќе се идентификува со широк спектар на активности и ќе иницира создавање на здрава основа врз која ќе се планираат понатамошните активности, а сето тоа ќе допринесе за квалитетен туристички производ и зголемен број на гости и задоволни посетители.