10/11/2024
Охрид

Децата од ООУ „Св.Наум Охридски” Пештани испратија силна и јасна порака: Сакаме чист воздух!

Учениците од ООУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани, заедно со подрачните училишта во Коњско, Елшани и Трпејца активно се вклучија во одбележување на Европската недела на мобилност од 16 до 22 Септември 2022 година која го носи мотото: „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“.

Активностите започнаа од 20.09 кога се кога се одбележа „Ден без автомобили“. Учениците возеа велосипеди во училишниот двор, скејборт, стекнаа знаење како правилно да се одржува велосипедот и имаа низа активности за безбедно учество во сообраќајот.

Во следниот период учениците од 1 до 5 одделение изработуваа плакати, картички со кои испратија пораки за чист воздух за здраво детство, помалку да ги користиме автомобилите, а повеќе велосипедите, затоа што ја загадуваат околината, да градиме здрави еколошки навики и уште многу пораки напишани и испратени од вредните детски раце.

Во текот на воннаставните активности се дискутираше за значењето на климатските промени, заштитата на животната средина и одржливиот начин на транспорт.

Децата испратија СИЛНА И ЈАСНА ПОРАКА: САКАМЕ ЧИСТ ВОЗДУХ!


WebOhrid / 23.09.2022 / ООУ „Св.Наум Охридски” Пештани