18/04/2024
Охрид

Делегација на СДСМ – Охрид положи свежо цвеќе во чест на Денот на македонската револуционерна борба

Денеска во чест на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба делегација на СДСМ – Охрид во состав: Жаклина Лазаревска, пратеник, Елизабета Русеска, член на ЦО на СДСМ и Игор Јорданов, член на ИО на ОО СДСМ Охрид се поклона и положи свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци во Градскиот парк.

На овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење, кои беа водени од своите идеали и принципи и преголема желба за формирање слободна македонска земја, сон остварен дури по НОБ и револуцијата.

Честит празник 23 Октомври!