19/04/2024
Охрид

Делегација на СПЦ предводена од српскиот Патријарх г.г. Порфириј утре во манастирот Рождество на Пресвета Богородица – Калишта

Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, известува дека утре, 20.06.2022 година (понеделник), во манастирот Рождество на Пресвета Богородица – Калишта во 18.00 часот ќе пристигне делегација на СПЦ предводена од Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј, и ќе биде отслужена и Доксологија (Славословие) во чест на пристигнувањето на српскиот Пaтријарх.

На 21.06.2022 година (вторник) Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј, од 10:00 часот ќе го посети Храмот Св. Богородица – Перивлепта, Галеријата на икони како и другите цркви и културно историски споменици во Охрид и Манастирот Св.Наум Охридски.


WebOhrid / 19.06.2022 / Дебарско-кичевска епархија Охрид