19/04/2024
Охрид

Демир Далип оствари средба со претставници на ОБСЕ и ОДИХР

Лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“, Демир Далип оствари средба со Преставници на ОБСЕ И ОДИХР.

Како, што се наведува во дописот, на средбата се разговарало за статусот на Египканите во Република Македонија, нивната институционална неинтегрираност, правата и слободите на ова ранлива етничка заедница, кои со децении се борат да бидат дел од Уставната Преамбула, да бидат вработени согласно Охридскиот Рамковен Договор, како и нивната соодветна и правична застапеност.

„Започнува, процесот и агендата на средби со највијателните Амбасадори, а се со цел, да се реализираат кредибилни, фер и слободни избори, а Египќаните се надеваат на пратеник-Египќанец на предвремените парламентарни избори, истакнува Демир Далип.