20/04/2024
Охрид

Демир Далип се сретна со претставници на ОБСЕ

Лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“,  Демир Далип, деновиве реализира средба со претставници на мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Средбата се одржала во Охрид, а на чија средба се отвориле прашањата за незлоупотреба на Египќаните во изборниот процес, запазување на правата и слободите, елиминирање на евидентните политички прогонства, како и суштинскиот дел на Институционална Интеграција на Египќаните и фер шанса за сите грагани.

Во целиот изборен процес, будно ќе ја следиме и предизборната кампања и самиот изборен процес“, вели Далип, а најави ефектуирање на Агендата за средба со највлијателните Амбасади во државата, а се со цел подобрување на положбата и статусот на Египќаните во Македонија.