Демир Далип се сретна со заменик германскиот амбасадор Ото Граф

Лидерот на „Коалиција на Египќани“, Демир Далип, денес, во Германската Амбасада во Скопје реализира средба со заменик германскиот Амбасадот, Ото Граф.

Како што се наведува, во соопштението од „Коалиција на Египќани“, на средбата се разговарало за статусот на Египќаните, нивната институционална интеграција, соодветната адекватна и правична застапеност како и пријателскиот однос и стратешко партнерство кои Египќаните гледаат во пријателска Германија.

Исто така, се наведува и големото задоволство на Египќаните кои работат во Германија, како и заедничките напори за интеграција на нашата држава во ЕУ. Далип, истакнува дека се интензивира средбата со највлијателните Амбасадори во земјата, а се со цел интеграција на Египќаните во современото Македонско општество.