20/04/2024
Македонија

Демократски сојуз: Да се преиспитаат дел од мерките

Демократскиот сојуз предлага Кризниот штаб најитно да направи теренска анализа на мерките со кои се предвидува за возрасните над 67 години да можат да се движат од 10 до 12 часот и за сите забраната на движење од 16 часот, поради тоа што пред банките, аптеките, продавниците за леб, храна и заштитни средства на отворените пазари, се создаваат гужви, луѓето не се одалечени повеќе од два метра еден од друг, не се носат маски, ракавици и сл.

„Наместо дистанца која го ограничува ширењето на вирусот, со гужвите што се создаваат и блиските контакти објективно можно е ширење на коронавирусот и загрозување на здравјето на граѓаните.

Очекуваме Комисијата за заразни болести непосредно да ги процени ефектите од мерките кои ги предлага и да предложи корекции на истите доколку не ги даваат очекуваните резултати.

Инаку, Демократскиот сојуз како и досега ги повикува граѓаните доследно да ги почитуваат мерките на здравствените власти и Владата насочени кон спречување на ширење на епидемијата и заштита на здравјето на граѓаните.“ – стои во соопштението од Демократски сојуз.