25/04/2024
Охрид

Демократски сојуз: На ученичката од Охрид да ѝ се овозможи да полага државна матура

„На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид да ѝ се овозможи да го полага пропуштениот испит веднаш, бидејќи грешката е на училиштето.

Јасно е дека пропустот го направиле одговорните во СОУ „Свети Климент Охридски“, тие треба да ја коригираат грешката и на ученичката да ѝ дозволат да полага веднаш, за да може да ги фати роковите за упис на некој од факултетите. Не е педагошки и човечки полагањето да го одлагаат за следната сесија и да даваат изјави и коментари несоодветни за образовна институција.“ – стои во соопштението од Демократскиот сојуз.

Демократскиот сојуз го повикува министерот за образование да реагира соодветно и да води грижа за секој ученик посебно, доколку е обесправен.


WebOhrid / 28.05.2023 / Демократски сојуз