19/04/2024
Македонија

Демократски сојуз: Робусна борба против криминалот

Во пресрет на избор на стара-нова Влада, Демократскиот сојуз укажува на потребата од радикални промени во поставеноста, дејствувањето и приоритетите.

„Во оваа насока освен реформите сврзани со евроинтеграциските процеси, Демократскиот сојуз инсистира и на:

Прво, робусна борба против организираниот криминал и високата корупција, преку системски промени и формирање на Агенција за борба против криманалот, со висок степен на самостојност и посебни права и овластувања (ФБИ).

Второ, испорачување на правдата преку законска можност за фер судење за монтираните судски процеси (Нема правда, Нема мир).

Трето, реформа на судскиот и правниот систем во целина, преку ревизија на работата на секој судија, обвинител и припадник на МВР, департизација на службите за безбедност и администрацијата.

Четврто, коренити реформи на изборните правила, укинување на системскиот монопол на четирите партии и Македонија да биде една изборна единица.

Само со конкретни и радикалнии чекори можат да се придвижат процесите во позитивна насока и да се отворат перспективи за развој на државата.“ – стои во соопштението од Демократскиот сојуз.