29/03/2024
МакедонијаРегион/Свет

Демократскиот сојуз и Либерално-демократската партија донираа учебници за Македонците во Пустец

Демократскиот сојуз и Либерално-демократската партија, денес во Пустец, Р. Албанија  донираа учебници на македонски јазик за Македонците, ученици во заедничкото основно и средно училиште „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“.

Станува збор за комплети учебници, работни тетратки и збирки задачи по предметите Математика и Природни науки за учениците од прво до петто одделение, или вкупно 540 книги и учебни материјали.

Донацијата беше врачена од страна на претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски.

Директорот на училиштето во ПустецТрајан Вангеловски, градоначалникот на Пустец, Пали Колефски и пратеникот во парламентот на Република Албанија, Васил Стерјовски се заблагодарија на донацијата на книги која ќе им овозможи на учениците полесно совладување на наставната програма.

Според одлуката на Владата во Тирана, Македонците во Албанија имаат право на настава на македонски јазик во основното образование, но се соочуваат со недостиг на учебници по соодветните предмети на македонски јазик.

Во училиштето во Пустец учат 125 ученици во основното образование, и 30 ученици во средно.

Во општината Пустец која опфаќа 9 населени места живеат 6000 жители, кои се Македонци по националност.