29/03/2024
Македонија

Денес даночните канцеларии со продолжено работно време за прием на годишна даночна пријава

Денес / 15 Март истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава (образец ПДД-ГДП), поради што Управата за јавни приходи го продолжува работното време на даночните канцеларии со цел граѓаните да можат да ги запазат законските рокови за исполнување на нивната обврска за пријавување на приходите.

  • Сите Регионални дирекции на УЈП (Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Прилеп) ќе примаат пријави до 21:30 часот;
  • Сите Даночни одделенија на УЈП (Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар) ќе примаат пријави до 18:00 часот;
  • Сите Даночни шалтери (Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово), вклучувајќи ги и дополнителните шалтери отворени во Центар (зграда на ССМ), како и општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Аеродром, ќе примаат пријави до 18:00 часот.

За ненавремено поднесување, односно неподнесување на даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, законот предвидува глоба која се движи од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.

Корисни информации

Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 14.03.2018 година
Регионална дирекција на УЈП   Хартиени Електронски ВКУПНО
Скопје 148,000 1201 149,201
Битола 53,311 137 53,448
Тетово 51,338 160 51,498
Струмица 34,311 124 34,435
Прилеп 35,158 117 35,275
Штип 69,093 195 69,288
ВКУПНО 391,211 1,934 393,145

Извор: Управа за јавни приходи

  • (ПДД-ГДП) Годишна даночна пријава за утврдување на персоналeн данок на доход (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21)
  • Брошура „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2)
  • За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 и 02/3253 200 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.