20/04/2024
Охрид

Денес и утре ќе се реализира традиционалната крводарителска акција за празникот Свети Климент

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид и тоа денес, на 8 август (понеделник) во периодот од 19-24 ч. и утре, 9 август (вторник) во периодот од 9-13 ч.

Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција.


WebOhrid / 08.08.2022 / Црвен крст Охрид