24/04/2024
Македонија

Денес облачно и студено време, од вторник дожд и снег

Од УХМР известуваат дека денес денес ќе се задржи претежно облачно и студено време, а во претпладневните часови се уште ќе има врнежи, особено во јужните делови. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник попладне и в среда.

Според Хидролошката информација на УХМР врнежите од снег и слабиот до умерен интензитет на врнење дожд постепено ќе ги зголеми водостоите, но нема да донесе поројни води. Соодветно на тоа не очекуваме појави на излевања на реките. Сепак од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците на веќе познатите критични места и тоа во сливовите на реките Треска (горен тек со притоките), Црна Река (горен тек со притоките), притоките на р.Вардар горен тек, реките околу Баба Планина, Ниџе, Кожув, Бабуна.