20/04/2024
Македонија

Денес започнува летото

Денес во 11 часот и 13 минути на северната Земјина хемисфера календарски започнува летото кое ќе трае 93 дена, 15 часа и 49 минути.

На првиот ден од летото денот е најдолг, односно денот има најмногу сончеви часови, додека пак ноќта е најкратка.

Иако во текот на летните месеци траењето на денот постепено се намалува, сепак температурите растат. Тоа е така затоа што на Земјата и е потребно време да олади.

Многу култури и религии ширум светот го одбележуваат и прославуваат почетокот на летото со разни традиции, празници и фестивали.


WebOhrid / 21.06.2022