28/03/2024
Македонија

Денеска се потврдени 20 нови случаи на КОВИД-19, оздравени 24 пациенти, починати се 3 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје 12, Прилеп 7, Тетово 3, Кавадарци 1, Пехчево 1. 

Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово. 

Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 10, Прилеп 5, Тетово 4, Велес 1. 

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.694, бројката на оздравени пациенти е 1.229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје 579, активни 129
Куманово 410, активни 46
Дебар 51, активни 0
Штип 35, активни 2
Прилеп 184, активни 56
Тетово 121, активни 58
Струга 67, активни 4
Велес 109, активни 50
Битола 23, активни 4
Охрид 15, активни 0
Кавадарци 5, активни 0  
Гостивар 19, активни 4
Гевгелија 4, активни 0
Струмица 2, активни 0
Крива Паланка 6, активни 2
Радовиш 4, активни 0
Крушево 3, активни 0
Кочани 31, активни 5
Пробиштип 2, активни 0
Кичево 2, активни 0
Неготино 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)       
Демир Хисар 1, активни 0
Македонски Брод 2, активни 0
Пехчево 3, активни 1
Делчево 1, активни 0
Валандово 1, активни 1
Виница 2, активни 0
Кратово 2, активни 2
Берово 1, активни 1

Направените 309 теста се преку: ИЈЗ 161, Ветеринарен факултет 16, Авицена 13, Биотек 24, Филип Втори (Жан Митрев) 40, Систина со PCR метода  36 и МАНУ 19. Досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања на КОВИД-19. 

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно хоспитализирани 38. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент. 

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика. 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. 

На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.