19/04/2024
Охрид

Денот на рибарите традиционално одржан на Сараиште

Ниту дождот и лошите временски услови, не ги спречија охриѓани масовно да присустуваат на традиционалната манифестација Денот на рибарите на Сараиште. И оваа година со рибна чорба, пача, плашици, вино и греана ракија, охриѓани го одбележаа денот на Свети Јован со традиционално капење во водите на Езерото.

На манифестацијата присуствуваше градоначалникот Јован Стојаноски кој посака овој ден „граѓаните да го прославуваат многу години на пригоден и достоинствен начин, онака како што прилега на градот покрај Охридското Езеро“.

Учениците и професорите од средното угостителско училише „Ванчо Питошески“ приготвија над две илјади порции рибна чорба, која покрај за присутните, се делеше и за социјално загрозените семејства во градов.

За свечената атмосфера се погрижија естрадните уметници од ансамблот „Билјана јуниор“ и македонската фолклорна ѕвезда Благица Павловска.