19/04/2024
Македонија

Денеска календарски почнува зимата

Вечерва во 23:23 часот во Република Македонија и на северната хемисфера календарски започнува зимата и ќе трае 88 дена, заклучно со 20-ти март 2019 година.

Денот ќе биде најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 11 минути. Денот ќе трае 9 часа и 13 минути.

Истовремено, со доаѓањето на зимата на северната хемисфера, на јужната настапува лето.