20/04/2024
Македонија

Девет уметници ќе учествуваат на ликовната колонија „Галичник 2018“

Девет уметници, од кои тројца домашни и шест странски, ќе учествуваат на традиционалната, 29-та ликовна колонија „Галичник 2018“, која ќе се одржува од 15-ти до 22 август во селото Галичник…

На колонијата ќе учествуваат уметниците Тошихиро Сакума од Јапонија, Џили Ависар од Израел, Танасис Раптис од Грција, Пјотр Пиаста од Полска, Ирена Сладоје од Босна и Херцеговина, Стеван Којич од Србија, Моника Мотеска, Роберт Јанкулоски и Јана Луловска од Македонија. Куратори на колонијата која веќе деветта година се движи во правец на дигиталните медиуми и медиа-уметностите се Сања Којуч – Младенов од Нови Сад и Ана Франговска.

Покрај престојот и работата во селото Галичник, уметниците ќе имаат можност да посетат и некои од околните села и да ги видат природните убавини на овој крај, ќе го посетат манастирот „Св. Јован Бигорски“, а ќе биде организирана и посета на градот Охрид.