19/04/2024
Струга

Девојче почина при пад од балкон во Струга

Денес (21.06.2018) во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга примено е телефонско известување од ЈЗУ „Општа болница“ Струга за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година во Струга.

По добивање на информацијата, формирана е увидна екипа и известен е Јавен обвинител по што излезено е на местото на настанот поточно на улицата „ЈНА“ во Струга. Притоа, констатирано е дека малолетното девојче било во нејзиниот стан заедно со мајка си и малолетниот брат по што во еден момент ја снемало од собите во станот. Откако мајката го забележала тоа, започнала да ја бара низ станот, но и во соседниот стан каде живеел нејзиниот дедо по што излегле надвор од зградата. Тогаш ја забележале падната под балконот и итно ја префрлиле на хирургија при Општата болница во Струга. Таму била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството.