19/04/2024
Охрид

Дезинфекција на јавните површини

Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово извршија дезинфекција на јавните површини во градот.

Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, градскиот кеј и чаршијата.

Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период.