19/04/2024
Македонија

Дипломатски брифинг на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци

Министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски денеска во Министерството за надворешни работи присуствуваше на традиционалниот дипломатски брифинг на МАРРИ -Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција. Спасовски во своето обраќање ја истакна повеќегодишната заложба МАРРИ- Центарот да биде препознаен како регионален инкубатор на идеи и спроведувач на активности од заемен интерес на земјите учеснички односно место каде треба да се здружат капацитетите и да го претвориме нашето опкружување во стабилен и безбеден регион за живеење.

„Сведоци сме дека миграцијата се искачи на врвот на агендите на многу европски и меѓународни организации и зазема централно место на многу конференции и состаноци на лидери на држави кои имаат моќ да одлучуваат за глобални документи. Оттука сметам дека е потребно да дадеме максимална поддршка на МАРРИ, бидејќи на тој начин придонесуваме кон креирање на заеднички регионални политики и покажуваме дека умееме да се справиме со идни предизвици“- рече Спасовски.

Во однос на соработката во рамките на МАРРИ, Спасовски потенцира дека таа е особено важна за нас како земја, но и за целиот регион.

„Наша визија е МАРРИ – Регионалниот Центар да добие структура подготвена да спроведува проекти од поголем обем, подготвена самостојно да настапува пред донатори за средства потребни за проекти кои самите учеснички ги препознале како потребни. Ве повикувам сите заедно да бидеме отворени и искрени спрема МАРРИ, бидејќи на тој начин даваме поголема шанса за изнаоѓање решенија и исполнување на глобалната цел – постабилен и побезбеден регион, подготвен на членство во ЕУ“– рече Спасовски.

 https://www.youtube.com/watch?v=2XPoDICp68c