19/04/2024
Македонија

Директорот на УБК Горан Николовски учествува на безбедносно – разузнавачки состанок на НАТО

Директорот на Управата за безбедност и контаразузнавање Горан Николовски вчера и денеска учествува на безбедносно – разузнавачки состанок на НАТО, на тема ,,Соработката и борбата против тероризмот,,што се одржува во Пула, Република Хрватска, во коорганизација на хрватската безбедносно-разузнавачка агенција (СОА) и словенечката безбедносно разузнавачка агенција (СОВА.)

Во текот на дводневните активности на состанокот повеќе од стотина експерти од триесетина држави и од органи на НАТО алијансата, како и партнерски држави, а меѓу нив и Директорот на УБК при Министерството за внатрешни работи Горан Николовски , претставници од Агенцијата за разузнавање и Воено разузнавачката агенција од Република Северна Македонија, ќе разговараат за мерките и активностите што се спроведуваат во превенирањето и сузбивањето на тероризмот.