16/04/2024
Охрид

Добиени резултатите од анкетата за Проектот „SymbioCity пристап“

Општина Охрид, заедно со претставници од други седум градови од Србија, Украина и Турција, е учесник на Тренинг    програмата “Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“.

Програмата е во организација на Интернационалниот центар за Локална демократија  (ICLD) од Шведска и SKL International – дел од шведската асоцијација на локални управи и региони.

Пристапот SymbioCity обезбедува насоки и алатки за поддршка на процесите за одржлив урбан развој, врз основа на идејата предизвиците да се претворат во можности.

Охридскиот тим, како урбанистички предизвик во рамки на програмата, го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој всушност се однесува на адаптирање на улица ,,Македонија“ во пешачка зона. Проектот ќе се работи на ниво на физибилити студија.

Со цел успешно извршување на постапките и чекорите при изработка на проектот,  дел од обврските претставува и вклучување на јавноста со цел да се добијат мислења од  засегнатите страни. Од различните начини на партиципација на јавноста се добија следните резултати: