19/04/2024
Охрид

Доделени сертификатите на учениците кои успешно ја завршија комплетната Бреинобреин програма

На пригодна свеченост пред седиштето на Црвен крст Охрид, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, денес беа доделени сертификатите на шестата генерација ученици кои успешно го завршија десеттото ниво, односно комплетната Бреинобреин програма. Покрај сертификатите децата добија и скромни подароци, а родителите не го криеја своето задоволство од видниот напредок кај своите деца, не само на интелектуален план туку и како хумани, толерантни и солидарни личности.

Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија во кој веќе десетта година успешно се имплементира меѓународната Бреинобреин едукативна програма која кај децата од 4-14 годишна возраст дава можности за стекнување, развивање и потврдување на своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Уписите за нови ученици во есенскиот циклус се во тек. Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.

Наставата ќе се одвива согласно сите протоколи и со почитување на заштитните мерки за заштита од Ковид-19.

Повеќе информации во просториите на Црвен крст Охрид или на тел. 078 22 74 33