29/03/2024
Охрид

Доделување потврди за учество на ИТ обуките во Касарна Хаб

„Нашите обуки се доближија до крајот. После три месеци (почнавме на 13 февруари 2023), 170 ученици од основните училишта од Охрид, Струга и Дебрца ги завршија почетните бесплатни курсеви за различни програмски јазици Scratch, Python, C++, и за WordPress и Microsoft Word. Голема благодарност до Macedonia2025 @macedonia2025 што ни беа партнери и ги овозможија обуките. И посебно им се заблагодаруваме на наставничките Горица Дуцкиновиќ, Лизана Зиба и Марија Пупиноска Гогова што се посветија на обуките и сите деца останаа до крај на обуките. Визијата на Касарна Хаб е овие обуки да продолжат и понатаму, од септември, за што ќе ве информираме сите.“ – информираат од Касарна Хаб Охрид.


WebOhrid / 11.05.2023 / Касарна Хаб Охрид