25/04/2024
Македонија

Договор за соработка меѓу Археолошкиот музеј на Македонија и Народниот музеј од Белград

Директорите на Археолошкиот музеј на Македонија и на Народниот музеј од Белград, Горан Санев и Бојана Бориќ Брешковиќ, вчера во Белград потпишаа договор за соработка меѓу двете музејски институции, со цел реализација на заедничка изложба во чест на јубилејот „100 години од откривањето на некрополата Требеништа, кај Охрид, Р. Македонија“.

Во рамки на изложбата која треба да биде отворена во Археолошкиот музеј на Македонија во ноември годинава, за прв пат ексклузивните наоди кои денес се изложени во музеите во Софија, Белград и Охрид ќе бидат претставени како една целина. По претставувањето пред македонската јавност, во 2019 година изложбата ќе биде поставена и во Софија, а потоа и во Белград.