14/02/2026
Охрид

Документарен филм „Време, вода, наследство: Охрид“ од Илија Пиперкоски

Време, вода, наследство: Охрид е динамичен документарец за 70 години Охридски пливачки маратонспорт што ја мери човечката издржливост, волја и амбиција. По сценарио и режија на Илија Пиперкоски, филмот преку ретки архивски материјали и нови интервјуа со легендите Дики Бојаџи, Теодора Раптис, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев, и 11-кратниот победник Петар Стојчев, ја реконструира еволуцијата на маратонот: од пионерските години и подвигот на Атина Бојаџи на Ла Манш, до славните деведесетти и денешните предизвици.

Патуваме преку маратоните од Охрид до Бејрут, Александрија, КаприНеапол, Санта Фе и Парана во Аргентина, за да разбереме зошто секој маратонец сака да победи токму тукана Охридскиот пливачки маратон и што е потребно за да се роди следната генерација на маратонци.

Сценариото и режијата се на Илија Пиперкоски, монтажата на Никола Ристов, а сниматели се: Данчо Стефков, Фејми Даут, Зоран Ставрев, Димко Саздов и Виктор Крстаноски.

Продуцент е Данчо Стефков, а за дизајнот на звук се погрижи Дарко Спасовски.

Учесници во филмот: Кочо Паскали, Ристе Савин, Зорица Нестор, Горан Стојановски, Дики Бојаџи, Томи Стефановски, Теодора Раптис, Евгениј Поп Ацев и Петар Стојчев.

Премиерата е закажана за четврток, 28.08.2025 година, со почеток во 21:15 часот во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид.