28/03/2024
Охрид

Донација на медицински алкохол за здравствените институции

Денес се одржа донаторска акција на медицински алкохол кој се дистрибуира преку Општата болница-Охрид. Донатори се компанијата Зегин, Лозар – Велес Благоја Механџиски, СОС Балканмедиа и ЈП „Охридски Комуналец“.

„Денес добивме донација од илјада литри медицински алкохол од страна на Зегин, Лозар, СОС Балканмедиа и други донатори. Во името на Општина Охрид сакам да им се заблагодарам на тие што се погрижиле да се реализира оваа донација, а и да апелирам на другите компании и поединци да се вклучат во вакви и слични акции, овие тешки моменти сите заедно да ги пребродиме полесно.“ – истакна градоначалникот Георгиески.

„Сакам да им се заблагодарам на дел охридски компании и здруженија на граѓани од невладиниот сектор кои што помогнаа да во охридската болница комплетно се опремат сите вработени со лична заштитна опрема. Имаме добиено 270 скафандери, хируршки маски, платнени маски и маски „Н95“ кои се за работа со најкритичните пациенти, кои за среќа во моментов ги немаме. Се надевам дека таа хумана акција која што досега ја направија неколку охридски компании Се надевам дека нема да имаме потреба во полн капацитет да сработиме и да покажеме како тоа изгледа, но засега сме задоволни од она што го имаме постигнато во нашата болница и во организациониот план и начинот на кој можеме да ги дочекаме сите потенцијални пациенти. Ние се однесуваме како секој пациент да е фактички заболен од COVID-19 по препораките на нашето Министерство за здравство.“ – истакна д-р Диел Аголи, координатор во кризниот штаб при Општата болница во Охрид.

„Ова е организација на Општина Охрид по барање на ЈЗУ Општа болница. Имено, вкупната донација која ја дава Лозар Велес, господинот Благоја Механџиски преку невладината организација СОС Балканмедиа и Охридски комуналец е 3 илјади литри за потребите на сите здравствени центри во регионот, денес утре и задутре ќе се дели на здравствените домови во Вевчани, Охрид, Општа болница Струга, Коснозглобна, Кардиолошки центар, Клиничка болница Битола и Здравствен дом Ресен. Имено, ова е идеја на градоначалникот Георгиески и директорот на Општа болница Горан Балев. Донациите кои ги има господинот Механџиски во ова време на COVID-19 се многу големи и за Општа болница и на ниво на Македонија. Имаме илјада литри за Инфективна клиника во Скопје, 500 литри за Општа болница Куманово, болниците во Тетово и Гостивар ќе добијат по 300 литри, како 300 литри во болницата во Дебар и Ростуше. Со ова да заокружиме еден процес на мала помош на сите здравствени домови со медицински алкохол кој е неопходен во овој момент, како најдобар дезифициенс.“ – изјави Сашо Денесовски, претседател на Здружението „СОС Балканмедиа“.

WebOhrid