29/03/2024
Дебрца

Донација на училишен прибор за првачињата во ООУ „Дебрца“

„Драги наши првачиња, добре дојдовте на првиот ден од месец септември, ден кој значи многу за сите, особено за вас! Денес почнува најубавото патување во вашите животи, патување на кое ќе другарувате со буквите и бројките и на кое ќе запознаете нови пријатели. Наставниците ќе ви подарат знаење и љубов кон освојувањето нови светови со книгите, а пријателите ќе бидат дел од вашите животи и кога ќе ги напуштите училишните клупи. Нека потечат слободно солзи радосници кај гордите родители, кои сега се сеќаваат на својот прв училиштен ден, нека засјае слободно насмевка на лицата на бабите и дедовците, кои пак ќе го минуваат патот кој еднаш го врвеле со своите деца и сега со своите внучиња, нека почне да тече брзата река на знаењето низ милозвучните зборови на вашите први наставници, бидејќи, драги првачиња, нив ќе ги памтите цел живот. Но, како и секоја учебна година така и оваа Вашето патување започнува со вредна донација на училишен прибор од страна на нашиот градоначалник Зоран Ногачески во име на фондацијата Капинков од Австралија. Со желби за добро здравје и одличен успех ООУ „Дебрца“ и градоначалникот на општина Дебрца Ви посакуваат успешно учење.“ – велат од ООУ „Дебрца“.