Донев: Гарантираме инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше кандидатот за советник во Советот на општина Охрид, Сашо Донев.

„За Охрид гарантираме инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации.

Изградба и реконструкција, опремување на спортските сали, фудбалски и тениски игралишта, организирање и субвенционирање голем број спортски настани и поддршка на спортските таленти.

Во насока на спортскиот развој и напредок за Охрид гарантираме:

ИЗГРАДБА НА НОВИ МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА во Велгошти, во Видобишта и на уште две локации.

ИЗГРАДБА НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ (4 ТЕРЕНИ ЗА БАСКЕТ, 4 ТЕРЕНИ ЗА ТЕНИС, ОД КОИ ЕДЕН ПОКРИЕН ТЕРЕН).

ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА СПОРТОВИ НА ВОДА (КАЈАКАРСТВО, ВЕСЛАЊЕ, ЕДРИЛИЧАРСТВО) И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СООДВЕТНИ ПРОСТОРИИ.

ИЗГРАДБА НА СТАРТНА ПЛАТФОРМА ЗА ПОЛЕТНА БАЗА И СЛЕТ НА БАЗА ЗА ЕКСТРЕМНИ СПОРТОВИ СО ЛЕСНИ ЛЕТАЛА.

Заокружи 7 за Спорт за сите!

7 за Промени, Проекти и Победи!

7 за Д-р Кирил Пецаков, и ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“!“ – истакна Донев.