29/03/2024
Охрид

Донев: Ги повикуваме членовите на ВМРО-ДПМНЕ да го ажурираат своето членство, а неопределените да се зачленат

Денес се одржа прес-конференција на која говореше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев.

„Само рамо до рамо, сите заедно сплотени и единствени можеме да се спротивставиме над овие црнила што надвиснале над нас и нашата земја.

Името, идентитетот, достоинството на македонскиот народ станаа предмет за тргување додека државата тоне во сите сфери на општественото живеење.

Охриѓани се разочарани, загрижени за иднината поради политичките, економските и општествените црнила.

Ни треба мобилизација затоа што сите делиме исти маки и проблеми.

Затоа сите членови поддржувачи на ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ Ве повикуваме да го ажурирате своето членство во партијата во која ја делиме заедничката цел.

Особено сакам да ги повикам сите неопределени граѓани и симпатизери да се зачленат и придружат во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Ажурирањето започнува од денес, 1 декември секој ден од 18:00 до 21:00 часот во просториите на Општинскиот Комитет.

ВМРО-ДПМНЕ е со народот и работи за народот.

Заедно продолжуваме во борбата против антинародната власт на СДСМ.

Секогаш ќе останеме на браникот на заштита на државните и национални интереси.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја порази оваа неспособна и криминална власт.“ – истакна Донев.