19/04/2024
Охрид

Донев: Заедно застанувамe гордо пред вас со цел реализација на сите наши идеи и проекти за Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше претседателот на Општинскиот комитет и носител на листата на членови на Советот на општина Охрид, Сашо Донев.

„Почитувани претставници на медиумите, мои сограѓани. Продолжуваме со кренати глави кон новата и светла иднина!

Заедно одлучивме дека Охрид треба да продолжи кон посветла и посреќна иднина.

Четири години се боревме заедно, сите ние овие четири години издржавме многу работи. Бидете горди и бидете со кренати глави. СДСМ и Георгиески се поразени. Во следниот круг победата има да биде уште поголема, уште посилна, уште похрабра за нова и светла иднина на Охрид.

Денеска насекаде се слуша гласот на промените. На охриѓани им е доста од криминал, корупција, пазарења и непринципиелни коалиции.

Нѐ чека работа, од денеска повторно на работа, за народот и решавање на сите проблеми на граѓаните. Ќе стигнеме до секој еден гласач затоа што потребни му сме сите заедно на Охрид.

И како Претседател на Општинскиот Комитет, и како носител на победничката Советничка листа заедно застанувамe гордо пред вас со цел реализација на сите наши идеи и проекти за Охрид.“ – истакна Донев.