19/04/2024
Охрид

Донирани лаптопи во ОУ „Кочо Рацин“ Охрид

Со донација од донатор фирма  Polart GMBH од  Германија се подобруваат  условите за учење во училиштето, со обезбедување на 5 половни преносни компјутери (лаптопи) Fujitsu LIFEBOOK S Series, кои се донација од Дамјан Карпузовски  кој живее и работи во Германија.
Благодарност до донаторот.
Овие преносни компјутери, ќе бидат од голема важност за училиштето, бидејќи ќе овозможат подобрена настава за учениците .
Ова е пример, како се сака родното земја и дека каменот повеќе тежи на родното место, а големиот ум и добро срце, се секогаш моќната комбинација на луѓето кои донираат, информираат од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид.