11/12/2025
Дебрца

Доставени 480 канти за отпад во Дебрца

Денес преку Министерството за животна средина и просторно планирање е извршена достава на вкупно 480 канти за отпад со капацитет од 120 литри чија цел е унапредување на управувањето со комуналниот отпад и подобрување на животната средина.

Со испораката на новите канти, Општина Дебрца ќе го подобри системот за собирање отпад, со што ќе се придонесе кон почиста и уредена животна средина за жителите на општината.

Општина Дебрца изрази благодарност до Министерството за животна средина за континуираната поддршка и успешната соработка.