28/03/2024
Охрид

Достојно одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици

После една година пауза, денес, достојно, во духот на традицијата и верата, Охрид го одбележа големиот и значаен празник за градот, Богојавление – Водици.

По осветувањето на езерските води и положувањето на Светиот крст, најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин Гоџо кој го фати Светиот крст.

Vodici_2022_19012022001– Традицијата на одбележувањето на денешниот празник во Охрид продолжува. И покрај проблемот со ковид-кризата смогнавме сили, ја организиравме оваа манифестација што ете мина во најдобар ред. За мене ова е најголемиот настан што се случува во Охрид. Она што како народ не држи тоа е традицијата, таа е тука да постои, ние да ја одржуваме и да се гордееме. На фаќачот на крстот му посакувам среќа, здравје и успех, во изјава за медиумите рече градоначалникот Кирил Пецаков.

На среќниот фаќач Дебарско – кичевската епархија го дарува со ланче со златен крст, а градоначалникот со рачно изработена икона.

Гостин на црковно – народната манифестација беше Евроамбасадорот, Дејвид Гир.

Празнувањата за „Водици“ продолжија со настап на групата „Љубојна“ на Градскиот плоштад и со групно крштевање на Сараиште.

 

 

 

 

 

 

 

 


WebOhrid / 19.01.2022 / Општина Охрид