19/04/2024
Македонија

Дозволен влез на товарни возила во Грција

Од МВР ги известуваат граѓаните на Р.С. Македонија дека денеска (06.01.2020) од 12 часот, според добиените информации од грчките погранични служби, забраната за влез на сите товарни моторни возила во Република Грција е повлечена на сите гранични премини и сообраќајот се одвива непречено.

Според известувањето од грчките служби, забраната беше воведена на 05.01.2020 поради најава за лоши временски услови.